Bridal

Стилски грешки кои би требало да ги избегнувате на венчавки

Летото пристигнува, сезоната на плажи, излети опуштање…но и на венчавки, е тука.

Поканети сте на свадба на драга личност и веќе веројатни почнавте да правите план што и како да купите за свадбата, а секако дека низ глава ви се вртат и комбинациите кои би можеле да ги носите.

Кога сме кај комбинациите, важно е само да ве предупредиме на пет грешки кои би требало да ги избегнувате кога се во прашање венчавките и вашиот изглед:

1. Немојте на свадба која не е ваша да се појавите во бел фустан

Знаете дека белиот фустан е веќе резервиран. Па затоа дозволете и на невестата да биде единствена, сепак тоа е нејзин ден.

Ако ве привлекуваат светли материјали, држете се до nude креациите…

слика 01

2. Немојте да облечете целосно нови до тогаш неносени сандали

Јасно е дека за овие прилики имате потреба да се стилизирате од глава до пети. Но имајте предвид дека цел ден ќе бидете на нозе и ќе играте.

Затоа за оваа прилика облечете проверени обувки бидејќи би било штета да не се забавувате поради изморените стапала.

слика 02

3. Немојте да облечете нешто премногу кратко и непристојно

Сепак немојте да и го земете вниманието на младата со тоа што постојано ќе ви се гледа нешто што не би требало да се гледа.

слика 03

4. Немојте да го стилизирате фустанот со накит кој произведува бука

Тишина, црква и нараквици кои ѕвецкаат не се баш добра комбинација. Држете се до аксесоар кој не произведува звуци.

 

Напиши коментар