Motherhood

Стресот во бременоста влијае на полот на бебето?

Стресот кај трудницата може да има влијание на полот кај бебето, покажале резултатите од истражувањата на групата научници од универзитетот Њујорк. Научниците тврдат дека трудниците кои се на почетокот од бременоста и се под постојан и континуиран стрес и притисок најчесто раѓаат девојчиња.

Научниците дошле до овој резултат по испитувањата на последиците од земјотресот во Чиле во 2005 година. Секоја десета чилеанка која го преживеала големиот земјотрес се породила предвремено, и во многу поголем процент тоа биле женски деца. Тоа ги натерало научниците да спроведат една долга и обемна студија која ги потврдила резултатите дека големиот стрес има влијание на полот на детето.

Напиши коментар