Bridal

Суеверија поврзани со венчавките и бракот

Митовите и суеверијата се често присутни кога станува збор за венчавките и бракот. Во различни традиции постојат различни суеверија, кои младенците ги почитуваат бидејќи се плашат од „лоша среќа“. Ви ги претставуваме најпознатите митови и суеверија поврзани со свадбите и нивното планирање:

Пишување на новото презиме: Многумина сметаат дека е лоша среќа ако невестата го напише своето име со новото презиме од младоженецот пред венчавката, бидејќи според суеверието така си поигрува со судбината.

Невестата не смее сама да ја направи својата венчаница: Според народните верувања, за секој шев кој невестата ќе го сошие на венчаницата, ќе пролее по една солза во бракот.

Бисери: Невестата не треба да носи бисери на својата венчавка, бидејќи тие се симбол на солзи и тага.

Стрелките на часовникот: Според верувањата, стрелките на часовникот треба да бидат насочени нагоре во моментот кога невестата и младоженецот ќе го кажат судбоносното „да“. На пример, тие треба да се заколнат на вечна љубов во 11 часот и 10 минути, а не смеат да го направат тоа во 5 часот и 20 минути, кога стрелките се насочени надолу.

Згазнување во црква: Невестата треба да го стапне младоженецот во црква доколку сака таа да раководи во нивниот заеднички живот.

Прв во шопинг: Според верувањата, главниот збор во бракот ќе го има оној кој прв ќе купи нешто откако ќе стапат во брак.

Невестинскиот фустан подалеку од очите на младоженецот: Едно од најпопуларните суеверија е дека младоженецот не смее да го види невестинскиот фустан пред венчавката, во спротивно младенците ќе ги прати лоша среќа.

Паричка за првиот: Младоженецот треба да му даде паричка на првиот човек кој ќе го сретне на патот до црква.

На патот до црква: Се смета за добра среќа доколку невестата сретне јагне, пајак, гулаб или црна мачка на патот до црква, а за лоша среќа доколку налета на свиња или на погреб. За добра среќа се смета и доколку невестата сретне полицаец, поп, доктор или слеп човек.

Фрлете ги сите безопасни и игли: Невестата треба да ги фрли сите безопасни и игли кои ги употребила на денот на нејзината венчавка за да избегне лоша среќа.

Напиши коментар