Motherhood

Супер трикови кои ќе му помогнат на вашето дете да научи нешто ново!

Децата растат, а во тек на нивното раснење се појавуваат секогаш нови прашања на кои родителите мораат да даваат умни и креативни одговори. Додека се сè уште малечки, задачата на родителите е да ги научат и да им објаснат како се врзуваат врвките на патики, како да ги разликуваат боите и како да дознаат што повеќе за она што ги опкружува…

Погледнете ги следниве креативни техники да научите и да бидете инспирирани за следниот пат кога ќе учите нешто ново со вашето дете.

Бои

Исечете од картон квадрати со големина 8 х 8цм. Купете дрвени или пластични штипки во боја. Сега можете да му покажете на вашето дете како да разликува и да ги спореди бои од хартијата и штипките.

Врзување на врвките

Нацртајте две кондури на парче картон. Направите мали дупчиња со ножици на местата каде правите кондури имаат дупчиња и провлечете ги врвките низ дупчињата на картонот. Сега вашето дете може да ги врзува кондурите во секој момент.

Соларен систем

Исечете неколку врсти овошје на парчиња за да ви користат во правење на мал соларен систем. Ова ќе биде здрава ужинка за вашето дете, но и одличен начин да го научите на имињата на планетите.

Буквар

Направете мал буквар на вашите деца кој секогаш ќе биде при рака за да ја повторуваат азбуката. Пронајдете големи копчиња кои ќе служат како обвивка на вашата книга. Исечете ланче од хартија на кругови да бидат во иста големина како и копчињата. Овие кругови се за страници во книгата. Смотајте го ланчето од круговите и залепете ги рабовите. Напишете ги буквите и џебниот буквар е спремен!

Математика со коцки

Лего коцките се голема помош за да го научите детето да решава едноставни математички проблеми и да разбере некои апстрактни поими. На пример, можете да ги користите да ја објасните разликата помеѓу дропка и цели броеви.

Хемиски експеримент

За овој експеримент, потребни ви се два балона, свеќи, кибрит и вода. Надувајте го првиот балон и држете го над свеќата, за да покажете дека балонот пука кога е изложен на висока температура. Потоа ставете малку вода во другиот балон, врзете го и држете го над свеќата. Топлината нема да влијае на балонот кој е полн со вода. Објаснете му на детето дека тоа е така поради тоа што водата ја апсорбира топлината. Тоа е причина што балонот не се движи и не пука.

Слика со броеви

Цртање со помош на броевите е забавен начин детето да се заинтересира за математика и уметност. Тоа е многу лесно и едноставно, дури и најмалото дете ќе може да се вклучи во оваа активност.

Дневен распоред

Ставање на визуелни знакови од картон на детето ќе му помогне да го разбере концептот на секојдневната рутина.

Write A Comment