ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100гр ориз
* 850мл млеко, најдобро е да е полномасно
* 1 лажица путер
* 200гр чоколадо
* 3 лажици шеќер
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Иситнете го чоколадото со помош на нож. Измијте го оризот под млаз ладна вода. Префрлете го во сад најдобро со дебело дно и прелијте го со млеко.
Ставете го садот на рингла и варете го на лесен оган. Внимавајте млекото да не претече. Често мешајте за да не се залепи оризот на дното на садот. Варете додека не добиете смеса како пудинг. Тогаш додадете го иситнетото чоколадо и добро промешајте. На крајот додадете го и путерот. Убаво измешајте, тргнете го садот од оган, оставете да се олади па сервирајте во чаша или чинија. По желба, додадете со печен лешник и сецкано чоколадо.