ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 150г. интегрален ориз
- 500мл. кокосово млеко
- 350мл. вода
- 1 лажица кокосов шеќер
- половина шолја суво грозје
- цимет
- бадеми и јаболка, по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Претходната вечер, потопете го оризот во вода и оставете го да остане преку ноќ. Следниот ден истурете ја водата, исплакнете го оризот и ставете го во садот во кој ќе го варите сутлијашот. Додадете кокосово млеко, вода и шеќер. Вклучете ја ринглата на најсилно додека течноста не проврие и потоа намалете ја температурата. Оставете лесно да се крчка повремено мешајќи додека оризот не ја впие речиси целата течност и додека не се создаде смеса како пудинг. Пред крајот додајте цимет и суво грозје. Поклопете го садот на кратко. Послужете го топол со сецкани бадеми и јаболка.
