Мојата кујна

Сутлијаш со интегрален ориз

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150г. интегрален ориз
  • 500мл. кокосово млеко
  • 350мл. вода
  • 1 лажица кокосов шеќер
  • половина шолја суво грозје
  • цимет
  • бадеми и јаболка, по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Претходната вечер, потопете го оризот во вода и оставете го да остане преку ноќ. Следниот ден истурете ја водата, исплакнете го оризот и ставете го во садот во кој ќе го варите сутлијашот. Додадете кокосово млеко, вода и шеќер. Вклучете ја ринглата на најсилно додека течноста не проврие и потоа намалете ја температурата. Оставете лесно да се крчка повремено мешајќи додека оризот не ја впие речиси целата течност и додека не се создаде смеса како пудинг. Пред крајот додајте цимет и суво грозје. Поклопете го садот на кратко. Послужете го топол со сецкани бадеми и јаболка.

Напиши коментар