Жолтата е бојата на сонцето и создава весело расположение. Затоа оваа прекрасна боја е многу погодна за свадби.
Според верувањата жолтата носи здравје и среќа во семејството.
Постои широк спектар од прекрасни жолти цветови, кои можете да ги користите за невестински букет и за декорација на ресторанот. Со оваа жива боја многу добро се комбинираат светло златни нијанси, сина, сива и виолетова. Што и да одберете, сигурно свадбата ќе носи чуство на веселба.
Ви предлагаме неколку прекрасни и сончеви фотографии, кои ќе ви послужат како инспирација:









