Мода

Свечени фустани

За побезболно да ја поминете сезоната на свадби, погледнете ги овие предлози како да се облечете во зависност од тоа каде и во кое време од денот или ноќта се случува свадбата.

Ако сте поканети на свадба на плажа, а не сакате да ви се познава секое камче песок на тоалетата, одберете лесно фустанче во боја на песок или светла летна нијанса.

beach1

Ако треба да се сретнете со поранешното момче на таа свеченост, сигурно ќе сакате да засјаете во некој од овие модели, пастелно розев или сатенски син.

ex2

За официјалниот дел во матичната служба, размислете за некоја едноставна, но елегантна еднобојна комбинација.

civil3

На свеченост со задолжителен официјален дрес-код, одберете долг фустан, но бидете креативни во однос на дизајнот.

otmen4

Ако свадбата е на отворено, како на пример, на некое отмено лозје, еве што предлагаат светските стилисти за таа пригода.

vineyard5

Овие два модели, пак, се покласични, за црквената церемонија, во сребрена и сина боја.

crkva6

Ако, пак, сте поканети во кантри-клуб, дизајнерите препорачуваат светли бои, со шал јака или впечатлив колан околу појасот.

kantri7

Ако сте на дневна свадба, а за да не изгледате ни премногу вообичаено ниту премногу дотерано, дизајнерите препорачуваат миди должина, а софистицираноста може да се добие во комбинација со златни сандали и долги обетки, или други модни додатоци по ваша желба.

dnevna8

 

Напиши коментар