Дестинации

Swisshotel Spa, Истанбул – она што навистина Ви е неопходно …

На брегот на Босфор, во центарот на Истанбул, опкружен со историски градини, сместен е луксузниот Swisshotel.

Комплексот претставува олицетворение на современиот дизајн. Со погледот кон Босфор, азискиот континент и стариот дел од Истанбул, ова место станува сé почеста мета на бројните туристи, кои доаѓаат од целиот свет, да го видат еден од моментално најактуелните градови во светот.

Во склоп на хотелот се наоѓа „ Аmrita Spa & Welness“, центарот со благородна понуда, која ќе им годи и на Вашето тело и на Вашата душа…

Во нивните одаи можете да уживате во релаксирачки масажи, луксузни третмани за лице и тело, ароматични купки, но и да ги искусите благодетите на прочуената турска бања…

Сега повторно ќе повториме… Постојат повеќе прекрасни дестинации кои би можеле да ги посетите…

Оваа, како неопходна, ставете ја на Вашата приоритетна листа !!!

Напиши коментар