Cafe Del Mar

Тајната за витко тело

Некогаш животот навистина не е фер. Некои луѓе се слаби и витки без голема мака, додека остатокот од популацијата мора да брои залаци и со часови да се препотува вежбајќи.

Постојат ли некои трикови? Одговорот е НЕ. Доколку сакате да ослабете мора да се помачите, но еве неколку работи кои тие природно витки луѓе секојдневно ги прават. Нема да ве чини ништо доколку пробате, па доколку не ви успее секогаш ќе можете да отидете на трчање четири пати во неделата, за што даваме гаранција дека успева. Во секој случај, овие мали совети несомнено ќе имаат синергиски ефект со вашиот дополнителен труд во борбата против вишокот на килограми.

Најдете време за чаша чај

Луѓето кои секојдневно консумираат зелен или бел чај имаат подобра линија од оние кои ја немаат оваа навика. За тоа се одговорни катехините, антиоскиданти од чајот кои го забрзуваат согорувањето на мастите. Резултатите од едно американско истражување покажаа дека за период од 14 години, колку што траела студијата, жените кои секојдневно пиеле чај накачиле најмал број на калории од останатите испитаници од контролната група.

Вежбајте ( раздвижување ) наутро

Доколку сте во можност доволно е само 15 минути лесни вежби со кои ќе го поттикнете метаболизмот побрзо да ги согорува калориите.  Протегнете се, расчистете по дома, истуширајте се, направете си доручек …

Ако вежбањето ви стане дел од вашата утринска рутина, ќе имате подобри резултати отколку ако вежбате попладне или, пак, навечер. Утринското вежбање ја подобрува толеранцијата на глукоза, со што вашиот организам поефикасно ќе ги согорува мастите.

Не прескокнувајте го појадокот

Ако сеуште немате навика да појадувате, крајно време е да ја стекнете. Луѓето кои редовно појадуваат имаат помал обем на половината, за разлика од оние кои го прескокнуваат овој оброк. Појадокот го поттикнува метаболизмот, позитивно влијае на работата на ензимите кои го регулираат нивото на холестерол. Но, немојте да претерувате. Појадокот треба да го консумирате редовно, но тоа не смее да биде во обилни количини.

Јадете бавно

Многу е важно да јадете побавно и добро да го соџвакате секој залак. Така повеќе ќе уживате во храната, но уште поважно е тоа што сигналот за ситост побрзо ќе стигне до мозокот, што значи дека на време ќе престанете да јадете. Исто така, ви советуваме да не јадете додека гледате телевизија. Ако гледате филм, нема да бидете сконцентрирани на јадењето, па затоа шансите да се прејадете се големи.

Јадете секој ден во исто време

Ако оброците ги консумирате во исто време, секој ден, послесно ќе ја доведете линијата во ред. Експериментите кои научниците ги имаат извршено врз глувци покажуваат дека глувците кои јаделе секој ден во исто време, биле послаби од другите во контролната група. Иако сигурно си помисливте „глувците не се луѓе“, вреди да пробате и да видите самите.

Секако, доколку сакате да ослабете не треба да консумирате повеќе од три оброци на ден, а последниот оброк од денот не земајте го подоцна од 19-20 часот.

Пред оброкот испијте две чаши вода

Ако го следите овој совет ќе ви биде потребна помала количина за да се најадете, со што килограмите ќе почнат побрзо да се топат. Водата дава чувство на ситост, а доколку биде консумирана пред јадењето, по оброк се внесуваат од 75 до 90 калории помалку, за разлика од оние кои ја немаат оваа навика.

Не избегнувајте ја вагата

Оние кои застануваат на вагата еднаш неделно имаат помалку проблеми со тежината отколку оние кои се плашат од неа и ја избегнуваат. Запомнете, вагата не ви е непријател. Тука е да ви помогне да ја одржувате нормалната телесна тежина, како и да ви укаже на проблемот на време.

Напиши коментар