Дестинации

Тел Авив – градот кој живее 24/7

Градот основан во 1909 година, со  околу 450.000 жители навистина нуди неочекувани возбудувања…

Тел Авив се протега на должина од 14 метри на брегот на Средоземното море. Прекрасната локација и богатата историја, придонесоа развој на туризмот од кој живее голем дел од жителите.

Градот постар од еден век, живее 24 часа дневно, нуди многу можности и отвара нови видици. Кога ќе падне ноќ над градот, животот само што почнува и нема никаква врска кој ден е во неделата. Еден од факторите што го направија овој град толку популарен и она што всушност најмногу донесе туристи – е ноќниот живот. Спектакуларните клубови, рестораните, баровите кои се затвараат кога последниот гостин ќе го напушти местото, без оглед на тоа колку е часот, навистина нудат врвна забава.

Што се однесува до стандардите на луѓето, секој лесно ја наоѓа својата занимација за поголем приход. Најмногу успеваат hi-tech производите, земјоделството и обработката на дијаманти, која од обично хоби прерасна во сериозна работа.

Она што исто така претставува интересен податок е  тоа дека секо кој има доказ за своето Еврејско потекло, може да дојде во Израел и за кратко време да добие документи за живеење во оваа земја.

Посебен „ шлаг на тортата “ е  плажата во Тел Авив, богата со содржини за незаборавен помин… Средена, блескава и полни со луксузни хотели, таа ќе Ви ја открие романтичната страна.Уште еден фактор кој привлекува туристи се остатоците од римската Цезарија, Акра…

Имајте уште едно доживување кое ќе го паметите!!!

Write A Comment