Дестинации

Тиркизно богатство скриено во џунглата

Светските патници знаат дека дел од најубавите места во светот се тешко пристапни, но сите се согласуваат дека секој напор вреди за глетката која остава без здив. Таков е и случајот со оваа помалку позната туристичка атракција.

Имено, скриен длабоко во џунглата Гватемала се наоѓа тиркизниот рај исполнет со природни базени, пештери и помали водопади. Станува збор за “Semuc Champey”, место до кое што не е едноставно да се пристигне, но вложениот труд и тоа како вреди!

Посетителите кои што ќе одлучат да ангажираат и туристички водич, што им се препорачува на сите туристи, најпрво се загреваат со скокање во реката со помош на специјално јаже, а потоа добиваат свеќа и поголем дел од денот можат да уживаат лутајќи низ пештерите.

Откако конечно ќе излезат на површината, посетителите ги очекува долгата прошетка низ патеките во џунглата и прекрасната шума, се додека не пристигнат до крајната активност – релаксирачкото бањање во тиркизните природни базени.

Semuc-Champey

img_15963

semuk-dzungla-sl-01

semuk-dzungla-sl-06

semuk-dzungla-sl-18

semuk-dzungla-sl-20

Write A Comment