Новости

Том Хидлстон на маичка ја искажа љубовта за Тејлор Свифт

Том Хидлстон е заљубен во Тејлор Свифт – и има маичка која го докажува тоа!

Имено, англискиот актер и најверојатно идниот Џејмс Бонд, јавно ја покажа својата љубов додека се забавуваа заедно во Атлантскиот океан, на плажата пред нејзиниот дом во Роуд Ајланд, кој го купи за неверојатни 17,7 милиони долари.

Парот го прослави Денот на независноста со забава преполна со славните пријатели, меѓу кои Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Џиџи Хадид, Карли Клос, Руби Роуз и Кара Делавињ.

Забавата од плажата се префрли во нејзината куќа, а секако тука беше и неизбежниот огномет и тематската облека.

Но, можеби најинтересната фотографија не доаѓа од ниту една славна личност (иако забавата беше преполна со нив), туку од пријателката од детството на Тејлор, Британи, која објави симпатична фотографија на која Том и Тејлор изгледаат навистина заљубено, до нив се Рајан Рејнолдс и бремената Блејк Лајвли кои гледаат во својата заедничка убава иднина, и секако самата Британи со нејзиниот сопруг.

Напиши коментар