И самите знаете дека одбирањето на соодветен избор на бои кога е гардеробата во прашање е подеднакво важено колку и одбирањето на материјалот, моделот и стилот.
Ќе ви претставиме три сјајни, вонвременски бои со кои никогаш нема да згрешите.
Бела

Веднаш ќе речете дека белата е непрактична боја, бидејки ако се извалкате било каде ќе бидете во неволја. Но, дефинитивно понекогаш би требало да да се облечеш од глава до петици во оваа боја. Како контраст, може да ставте некој детал во црна или неутрална нијанса, а белата одлично се комбинира со сини или сиви тонови. Доколку сакате да се истакнете во масата, облечете бел капут, со очила за сонце ќе изгледате како вистинска холивудска ѕвезда. Освен тоа, белите аксесоари во вид на обувки или ташна секоја „обична“ облека може да ја претвори во нешто многу повеќе, стилизирано и атрактивно.
Црвена

Црвена секогаш нè асоцира на раскош, луксуз и храбри, силни жени кои знаат што сакаат. Сепак, запомнете, ако носите некој детал во оваа боја, твојот тен, шминката, косата и се останато мора да бидат перфектни и угладени. Доколку сакате детали во црвена боја, никогаш не ги комбинирајте со црна бидејќи делува премногу драматично. За префинет изглед, наместо црна, одберете нежна беж или топла кафеава нијанса. Исклучок се црните детали во вид на обувки или аксесоари. Каква и да имате комбинација и најмал црвен детал (и да е само руж за усни) ќе го направи твојот изглед неповторлив. Освен тоа, одличен избор можете да направите со одбирање на црвени кондури и нежно сива гардероба – отмено и со стил! Никогаш нема да згрешите ако се облечете во црвено од глава до петици!
Темно сина

Темно сината дефинитивно е една од оние бои за која може да се каже дека изгледа елегантно и „скапо“. Може да се носи со бела и со црвена боја. Сини јакни и капути на вистински начин ќе ви ја „заокружи“ секоја ваша облека, а како и црвената и сината одлично се комбинира со топло кафеави тонови.
И, совет плус, во темно сините тонови ќе делувате послабо. По некој бел или црвен детал ќе направи вистинска работа!
