Мојата кујна

Торта со бисквити и вишни

Потребни состојки:

  • 500г. бисквити
  • 150г. пудинг од јагоди
  • 3дл. вода
  • 100г. шлаг
  • 500г. вишни
  • сок од вишни
  • 350г. шеќер

Подготовка:

На тацна густо наредете половина од бисквитите. Останатиот дел изронете го и налејте го со сок од вишни, и почекајте убаво да се натопи. Направете шербет со шеќер и вода и додадете му го изматениот пудинг и вишните. Мешајте додека не се згусне смесата. Половина од изматениот пудинг прелијте го врз корите од бисквити. Нанесете ги изронетите бисквити на целата торта. На крајот премачкајте ја целата торта со шлаг.

Дополнителен совет: можете да помешате и бадеми и лешници заедно со вишните. Додадете и ситно изрендано црно чоколадо.

 

Напиши коментар