Мојата кујна

Торта за 10 минути!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кесички пудинг од ванила

125 гр маргарин

200 гр шеќер во прав

300 гр мелени бисквити

5 лаж кокос

3 банани

1 шлаг за украсување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Направете го пудингот во 6 децилитри вода и оставете го да се олади.

Откако ќе се излади, додадете го маргаринот кој претходно сте го изматиле со шеќерот во прав. Промешајте додека да добиете компактна смеса.

Потоа додадете ги кокосот, мелените бисквити и бананите исечкани на кругови. Сè измешајте и обликувајте торта, која ќе ја премачкате со шлаг. По желба одозгора можете да изрендате и чоколадо.

На здравје!

Напиши коментар