Дестинации

Тоскана- магијата на Италија

Тоскана е еден од најголемите и најубавите региони во магичната Италија. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно. 

Фиренца важи за еден од најромантичните градови на светот. Преубавите катедрали, комплетната архитектура во градот, можноста да прошетате низ уникатните палати како и да чуете дел од италијанската музика претставува вистинско неповторливо искуство.

Сиена е позната по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.

Овој град бил изграден како римска колонија во времето на императорот Август.

Сиена е позната по натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува два пати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.

Тосканскиот крај е познат и како срцето на италијанска кујна. Тоскана ја нарекуваат и земја помеѓу морето и падините поради својата положба и климатски особености. Кујната е генерално рустична и едноставна со многу ароми и зачини, базирана на она што го дава земјата. Нема помпезни јадења, кои тешко и мачно се приготвуваат.

Доколку сакате да ја почувствувате вистинската магија на Италија, топло ви препорачуваме да ги искористите Велигденските или првомајските празници и да отпатувате во Болоња, Фиренца, Пиза, Сиена, Верона, Венеција.

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-1

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-2

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-3

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-4

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-5

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-6

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-7

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-8

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-9

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-10

Напиши коментар