Материјалот, моделот и бојата се клучни фактори кои ја дефинираат тренди облеката. Но, сепак постојат оние бои во кои секоја од нас секогаш изгледа добро без разлика што ќе облече.
Во продолжение прочитајте кои три бои се секогаш добар избор за елегантен и префинет изглед.
1. Бела
Белата е новата црна. Можете и треба да се облечете во оваа боја од глава до пети и да додадете модни детали во црна или некоја друга неутрална боја за да направите контраст.
Ако сакате да се истакнете од масата бидете храбра и одберете бел капут. Додадете некои убави очила за сонце и ќе изгледате сензационално.
Белите чевли и белата ташна можат најобичниот стајлинг да го подигнат на ново ниво.

2. Црвена
Црвената боја е боја на луксузот и тоа е така отсекогаш. Се поврзува со храбрите и успешни дами по кои сите се вртат.
Кога ќе облечете нешто црвено потрудете се вашата коса, кожа и шминка да бидат совршени бидејќи само така ќе го постигнете саканиот ефект.
Заборавете на црвено црната комбинација која е премногу драматична.
Наместо црна бирајте кафени топли тонови или светло беж боја. Исклучок е аксесоарот.

3. Темно сина
Оваа боја често останува заборавена кога е во прашање софистицираниот изглед.
Но сепак го заслужува местото на оваа листа бидејќи ја има потребната доза на елеганција и има способност одлично да се комбинира со црвената и белата.
Морнарскиот модел на јакна направен од волнен материјал е совршен во комбинација со панталони, фармерки и пенсил сукњи.
Со оваа боја можете да додадете и интересен додаток на анимал принт кој ќе ја разбие монотонијата. Покрај тоа носење на комбинации во оваа боја ни даваат визуелно потенок изглед.

