Art & Crafts

Трик кој не го знаете: Клима уредот и малата потрошувачка на енергија

Системот за разладување на просторот е најефикасен кога работи со полна брзина!

Претерано трошење на електрична енергија не само што многу чини, туку и троши повеќе ќумур и други фосилни горива кои придонесуваат за глобални климатски промени.

Поради тоа е важно да се знае на кој начин е најдобро да се користи клима уредот за максимално штедење на електрична енергија.

Можеби мислите дека непотребно трошење на електричната енергија е кога правите пали-гаси на клима уредот, но на тој начин впрочем ќе заштедите значителна сума на пари, а клима уредот на тој начин и подоро ќе работи.

Имено, системот за разладување на простор е најефикасен кога работи со полна брзина за да се одржи константна темперетураво текот на целиот ден, одколку кога работи во пократки периоди со помала брзина. Покрај тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја намали влагата од вашиот дом.

Електричната енергија можете да ја заштедите и ако термостатот на клима уредот го наместите на повисока температура (разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната температура не би смеела да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26°C или повеќе додека ве нема дома.

Write A Comment