Sweet Home

Трикови како да направите вашата дневна да изгледа луксузно

Без разлика колкав буџет имате на располагање, вашата дневна соба може да изгледа луксузно со овие неколку тајни на експертите за внатрешно уредување.

1-trikovi-kako-da-napravite-vashata-dnevna-da-izgleda-luksuzno-keif.mk

Окречете ги ѕидовите во светли бои

Бела, беж, светло сива… Со светлите бои и се друго ќе изгледа по светло, попространо и ќе го подигне ентериерот на едно повисоко ниво.

Украсете ги ѕидовите со слики

Тапети и сликање по ѕидовите е потполно непотребно. Купете слика која ви се допаѓа или уште подобро самите нацртајте и не се плашете да ја закачите дури и без рамка.

2-trikovi-kako-da-napravite-vashata-dnevna-da-izgleda-luksuzno-keif.mk

Декорирајте ги полиците

Променете го распоредот на книгите и направете место за по некоја убава кутија накит, специфична корпа или слично. Но, никако не ги покривајте книгите!

Купете тепих

Поедноставен е за одржување и полесно можете да го вклопите во било кој ентериер.

Закачете огледала

Огледалата ќе направат вашата соба да изгледа поголема, но ќе допринесат за поелегантен изглед. Можете да земете едно големо или повеќе мали, или пак комбинација.

3-trikovi-kako-da-napravite-vashata-dnevna-da-izgleda-luksuzno-keif.mk

Поиграјте си со боите и направете контраст

На пример одберете едно столче во собата која ќе биде различно од сите бои и нијанси кои преовладуваат во собата.

Ставете завеси

Високите плафони ќе направат секоја соба да делува поголема. Сепак, со долги завеси, ќе направите оптичка измама и визуелно ќе ја зголемите дневната соба.

Напиши коментар