Сода бикарбоната или натриум бикарбонатот е моќно средство за чистење. Освен тоа е евтина и природна состојка која се носи рамо до рамо со оцетот и има широк спектар на делување кога е во прашање чистењето на домаќинството.
Се што ви е потребно е ¼ шолја (75 грама) сода бикарбона растворена во еден литар топла вода за чистењето да може да започне.
1. Во кујна
Одлична е за бришење на сите површини, а потребна е основна мешавина од ¼ шолја сода бикарбона растворена во 1 литар топла вода.
2. За неутрализирање на мирисите
За да ги отстраните мирисите од фрижидерот или оставата, ставете сода бикарбона во отворена кутија на полица. Одлично ги собира и неутрализира мирисите.
3. За сјај на металот
Дадете и сјај на вашата чешма во кујната така што ќе ја изрибате со паста од сода бикарбона (3 дела сода и 1 дел вода).
4. Освежете ја кантата за ѓубре
Кантата за ѓубре исперете ја со класичниот раствор на сода и вода, а во чиста и сува канта на дното ставете неколку лажички сода која ќе ги собира непријатните мириси.
5. Овошје и зеленчук
За да ја отстраните нечистотијата и пестицидите од овошјето и зеленчукот измијте ги во полн садопер или сад со млака вода во кој има1/4 сода бикарбона, а потоа исплакнете ги.
6. За бели алишта
Белите алишта можете да ги освежите со додавање на 1 шолја сода бикарбона во машината за перење.
7. Неутрализирајте го мирисот во обувките
Непријатниот мирис од обувките ќе исчезне ако во нив сипете сода бикарбона и ја втриете во внатрешноста. По 15-на минути истресете ги.