Убавина

Трикови за погусти веѓи

Не секоја од нас е благословена со густи веѓи, а со оглед на тоа дека токму сега такви се во тренд, сите се трудиме да пронајдеме некој начин како да направиме нашите веѓи да изгледаат погусти.

Денес ви нудиме 4 трикови со чија помош ќе го постигнете токму тоа.

1. Натапирајте ги веѓите

Ако немате густи веѓи, можете да ги исчешлате на спротивната страна од растот и потоа лесно со четкица поминете во нивната насока на раст. Така ќе се создаде впечаток дека се погусти. Потоа поминете ги со провиден гел за веѓи за да останат така.

2. Користете миливче со тенок врв

Ако користите моливче со дебел врв тие ќе изгледаат природно, но тенкиот врв ќе даде и тенка линија која ќе изгледа како вистинско влакно.

trikovi za pogusti vegi 01

3. Купете добра четка

Добра четка за веѓи е онаа која изгледа како таа за маскара, бидејќи е најпрецизна и најлесно ги расчешлува веѓите.

4. Одберете ја вистинската нијанса

Клучна работа е да одберете вистинска нијанса. Важно е веѓите да не се премногу темни во однос на бојата на косата и да не отскокнуваат од тенот. Исто така е важно добро да се избленда сенката или моливчето за рабовите да омекнат и да се стопат со тенот.

Write A Comment