Совршено лакираните нокти може да ги имате на брз и едноставен начин исто како како да речете 1, 2, 3…Се што треба да направите е да се послужите со неколку трикови и за неколку минути ќе имате нокти како од салон за убавина.
Брзо сушење
- Нанесете го лакот на вообичаен начин
- Откако ќе се излакирате на секој прст капнете малку сончогледово или маслиново масло
- За неколку секунди ќе имате суви нокти
Совршено лакирање без вишоци на кожата
- Во мал сад направете мешавина од лепило за нокти и вода
- Со памук нанесете од течноста на кожата околу ноктот
- Кога ќе се исуши можете да пристапите кон нанесување на лакот
- Откако ноктите ќе ви се исушат отстранете го проѕирниот филм така што едноставно ќе го излупите
Поинтензивна боја
- Наместо проѕирна основа прво нанесете бел лак
- Откако ќе се исуши нанесете лак во саканата боја
Мат ефект
- Најпрвин нанесете го лакот на вообичаен начин
- На оган ставете вода да зоврие и да создаде пареа
- Држете ги ноктите над пареата за да го добиете саканиот мат ефект