Ако мислевте дека чепкалките за уши можат да послужат само за да си ги исчистите ушите, се лажете. Тие можат да бидат корисна алатка која можете да ја искористите за да направите повеќе трикови кои ќе ви го олеснат разубавувањето. Погледнете што се може да направи ова мало стапче.
Испрскајте ги краевите на неколку четпалки за уши со парфем и ставете ги во пластична кеса. Носењето цело шишенце парфем може да биде непрактично, но со помош на чепкалките за уши можете да го освежувате вашиот мирис во текот на денот. Со чепкалката намачкајте ја внатрешната страна на зголобовите, лактите и вратот.
Намачкајте ја чепкалката за уши со транспарентна пудра и исцртајте линија под долната усна за да спречите „течење“ на карминот. Пудрата ќе направи бариера со чија помош карминот ќе остане на место.
Сакате да го прикриете израснатиот корен? Намачкајте чепкалка за уши со сенка во боја која одговара на бојата на вашата коса и поминете го коренот со неа.
За да бидете сигурни дека вашиот фен работи со полн капацитет редовно чистете го чепкалка за уши кај филтерот.
Кога нанесувате крем за самопотемнување, вашите кутикули, колена, зглобови и колена можат да впијат повеќе DHA (состојката која во допир со амино киселините на вашата кожа го потемнува тенот), правејќи ги овие делови потемни. За да го спречите ова, избришете го вишокот на крем пред да успее да се впие во овие делови.
Одглавете го заглавениот патент така што ќе намачкате шампон (тој се однесува како лубрикант) на чепкалка за уши и со неа намачкајте го патентот.
Натопете чепкалка за уши во ацетон за да го остраните вишокот на лак за нокти околу вашите нокти и на кутикулите.
Ослобедете се од мозолчето со топла вода и две чепкалки за уши. Истуширајте се со топла вода, а потоа нежно со две чепкалки за уши од двете страни притиснете го мозолчето.
За да ја отстраните шминката натопете чепкалка за уши во лосион или млеко за лице или тело и нежно поминете по очните капаци.
За да ги отстраните темните кругови под очите натопете чепкалка за уши во крем за очи, ставете ги во фрижидер за длабоко замрзнување и потоа поминете под очите. Најдобро е вашиот крем за очи да содржи кофеин кој помага во зацрврстување на кожата и краставица која ги смирува отоците.
За да имате пораскошни трепки, натопете чепкалка за уши во транспарентна пудра, нанесете еден слој маскара, почекајте да се исуши, потоа нанесете слој пудра со чепкалата на уши и врз неа уште еден слој маскара.
Исчистете го вишокот на маскара од очните капаци и под трепките со влажна чепкалка за уши.
За да избегнете неред кога нанесува лепило за вештачките трепки, користете чепкалка за уши. Нанесете го лепилото на врвот на чепкалката на уши и потоа еднакво нанесете го вештачките трепки. Почекајте неколку секунди, а потоа нанесете ги вештачките трепки што поблиску до вашите трепки за да добиете што поприроден изглед.
Бидејќи никој нема совршено мирна рака, кога нанесува туш за очи за да постигнете мачкест ефект, вишокот на туш избришете го со чепкалка за уши напотена во крем за остранување на шминка, за да добиете поостра линија.
Направете „зачадени очи“ со нанесување на меко моливче за очи, кое потоа ќе го размачкате со чепкалка за уши.
Или пак, за да направите „зачадени очи“ нанесете сенка на чепкалката на уши, а потоа нанесете ја на очниот капак.
За да не ги носите шминките со вас постојано, нанесете од вашата омилена сенка за очи на неколку чепкалки за уши и ставете ги пластична кеса. На овој начин ќе можете да си ја поправите шминката преку целиот ден или вечер.
Ако треба да пополните дел од веѓите, користете чепкалка за уши со која успешно ќе ги пополните празните делови правејќи потези кои го имитираат растот на веѓите. Ова ќе ви даде поприроден изглед отколку кога користет молив за веѓи.
Користете чепкалка за уши за да исцртате линии под јаболчниците.