Motherhood

Убави манири кои секое дете треба да ги знае

Сакате вашето дете да биде љубезно и убаво воспитано? Тогаш знајте дека мора да почнете да го воспитувате од мали нозе.

За да ви биде полесно издвоивме некои важни манири кои секоја културна личност ги знае.

И секако не заборавајте дека за успех потребно е и вие самите да бидете пример за убаво однесување.

1. Молам и благодарам

“Молам и благодарам“ се два збора кои се прва и основна лекција и делуваат магично. Затоа погрижете се вашето малечко да ги научи.

2. Пречекување на гости

Иако може да ви се чини дека пречекувањето на гости е старомодно сепак е важно нешто што детето треба да го научи.
Повикајте ги вашите деца да се поздрават со луѓето кои влегуваат во вашиот дом така што барем ќе им посакаат добар ден.

3. Да исчисти по себе

Ова е особина која секоја личност треба да ја знае. Децата треба да научат дека својот тањир треба да го стават во умивалникот откако ќе завршат со јадењето, валканата облека да ја стават во корпата за веш и да ги средат по играњето своите играчки.

4. Да знае да губи

Нема ништо полошо од тоа да игра некоја игра и ако загуби да почне да се дере, плаче и да фрла играчки околу себе.
Научете го дека е ок да се изгуби дури и ако дало се од себе да победи.

5. Да прифаќа комплименти

Како вие одговарате на комплиментите? Дали знаете да кажете благодарам и да одговорите со насмевка?
Ако го правите тоа и вашето дете ќе го следи тој пример.

6. Да почитува и да дели

Да знае да ги подели своите играчки со другите е многу убав манир.

7. Да знае да се однесува убаво на маса

Да се зборува со полна уста, да се јаде со раце и да се подждригнува на маса не е нешто убаво.
Затоа научете го од “мали нозе“ културно да јаде на маса.

8. Рака на уста

Постои културен начин да се кашла и кива. Затоа посочете му на детето да стави рака на уста за да не ги испрска оние кои се во негова околина.

9. Чекање во ред

Чекањето во ред не е лесно но сепак е дел од секојдневието. Затоа научете го да биде трпеливо.

 

Напиши коментар