Sweet Home

Удобен мал женски стан

Најголемиот предизвик за еден дизајнер е од еден релативно мал и дефицитарен простор да направи дом во кој корисниците ќе се чувствуваат опуштено, пријатно и пред сè комфорно.

Овој стан е дизајниран за потребите на една млада девојка која во принцип многу патува и не го користи станот постојано, но тогаш кога е таа дома, нејзина желба е да се чувствува опуштено и пријатно во овој простор.

Овој дизајн во себе во голема мера го содржи „скандинавскиот“ дизајн, со што преовладуваат светлите бои и тонови и дрвото, што истовремено во комбинација предизвикуваат чувство на просторност и топлина во просторот.

Главната подлога на овој стан е главно неутрална, но зајакната со одредени топли и кружни детали, кои му даваат на овој простор доволно топлина и динамика, па така неговата површина од само 30 м2 изгледа многу поголема и нуди доволно комфор и комодитет на корисничката.

Интересно за овој стан е да се напомене дека има единствен и интегриран простор, каде се сместени дневната соба, трпезаријата, кујната и просторот за одмор и спиење, а избегнувајќи ги преградите овој стан максимално го искористува својот и така дефицитарен простор.

1-skandinavski-dizajn

2-skandinavski-dizajn

3-skandinavski-dizajn

4-skandinavski-dizajn

5-skandinavski-dizajn

6-skandinavski-dizajn

7-skandinavski-dizajn

Напиши коментар