← НАЗАД НА БОЗА

Утринско пилатес-будење со топка

Утринско пилатес-будење со топка
514 Читања

Пилатесот е систем од физички вежби што го практикуваат милиони луѓе ширум светот. Методот го користи умот да ги контролира мускулите. Програмата се фокусира врз централните мускули кои го стабилизираат телото и се од суштинско значење за поддршката на ’рбетот. Пилатес вежбите ве учат на свесност во дишењето и држењето на ’рбетот и имаат цел да ги зајакнат внатрешните мускули на торзото. Движењата треба да бидат континуирани од вежба во вежба со употребата на соодветни транзиции. Откако ќе ја постигнете оваа прецизност, вежбите се наменети да течат од една во друга со цел да се изгради сила и издржливост. Секоја инструкција се смета дека е од витално значење за успехот на целината. Се верува дека изоставувањето на дури и детаљ ја загрозува природната вредност на вежбата. Фокусот се става на правење едно прецизно и совршено движење наместо повеќе половични движења. Целта на оваа прецизност е таа да прерасне во навика и да ја применуваме во секојдневниот живот како грациозност и ефикасност на движењето.

Во продолжение се неколку вежби на топка (која е една од најпрактукуваните реквизити за практикување на пилатес-вежбите), со кои може да се загреете ова утро.

1. Легнете на топката со горниот дел на телото. Исправете го високо задникот. Рацете спојте ги и тркалајте се лево и десно на топката. Внимавајте да не изгубите рамнотежа и да не се превртете. Направете две серии од по осум пати.

2. Потпрете се врз топката странично, со горниот дел од телото. Едната нога свиткате ја на колено, а другата исправете ја право. Кога ќе се избалансирате почнете да се придвижувате нагоре, одбивајќи се од топката. Вежбата направете ја двапати по осум повторувања  на секоја страна.

3. Легнете на простирка. Топката приклештете ја со делот под колениците и свиткајте ги под агол од 90 степени. Од лежечката позиција правете два пати по осум(со пауза) издигнувања, без да ги симнувате носете и топката. Стомакот треба да ви е стегнат, за вежбите да имаат ефект.

4.По секоја серија многу е важно убаво да се истегнете. На крајот од овој серијал од четири утрински вежби со топка легнете на простирката, свиткајте ги носете и поткренете се држејќи ја топката в раце, наизменично истегнете се десно, па лево. Вежбата повторете ја двапати по осум.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk