Варадеро се наоѓа на Куба, на стотина километри од Хавана, а се одликува со сонце, песок, тиркизно море, кубански орхидеи и палми, па така, заслужено го доби и прекарот “рај на земјата”.
Половина од сите хотели на Куба се наоѓаат во Варадеро, кој има песочна плажа со должина од 17 километри.
На плажата се уште може да се видат дрвените куќарки со црвени кровови кои биле изградени во 80-тите години од 19-тиот век, како прибежиште за луѓето од копното.
На источниот крај на полуостровот, на површина од 730 хектари, се протега еколошкиот парк “Parque Ecologico Varadero” кој е направен заради еко-туризмот.
Обележаните патеки водат до голем број на пештери, вклучувајќи ја и “Cueva Ambrosio” на чии ѕидови се наоѓаат индијански цртежи.
Заради географската положба на Куба, во близина на екваторот, деновите и ноќите траат речиси исто во текот на целата година и доколку ги набљудувате месечевите мени, ќе видите дека месечината изгрева и заоѓа од доле кон горе, а не од лево на десно како на нашето небо.





