Bridal

Венчаница според фигурата

Убедени сме дека имате лични преференции за тоа како треба да изгледа вашата венчаница. Сепак, моделот треба да одговара на вашата фигура, да ги нагласува предностите и да ги маскира недостатоците.  Венчаница со форма на буквата А од половината надолу е совршен модел за жените со изразени колкови, но всушност стои добро на сите облици па затоа е и најчесто посакуван модел.

Венчаницата со волумен е за дами со тесни колкови. Не е многу добар избор за мали фигури. Овој модел е елегантен и идеален за високи и слаби невести.

Венчаницата од типот “грчка божица” има исцртана половина и тоа помага за оптичко издолжување на силуетата. Здолништето на венчаницата паѓа од градите надолу, што е добро ако имате мали гради. Овој модел е најдобра опција за бремени невести.

Венчаниците од типот “сирена” секогаш ќе ги познаете. Соодветни се за жени со убави пропорционални форми.

Венчаница со долги или три четвртини ракави е погодна во случај кога сакате да ги прикриете своите раце, како и за зимски свадби.

Може да носите и долги ракави ако сакате да привлечете внимание на горниот дел од телото. Венчаницата без прерамки е добар избор доколку имате убав врат, рамена и средно големи гради.

Венчаницата со деколте е погодна за невестите со тесни раменици.

 

Напиши коментар