Ако сликите од бели пувкасти кринолини во вас будат само неудобност тогаш овие неконвенционални венчаници се вистинскиот избор за вас!
Фотографот Џулија Гало и Коди Клауд, под името „JUCO photo“ создадоа едиторијал под наслов „The Anti-Bride“ кој прикажува еден сосема нов концепт на облекување за свеченост како што е венчавката. Елегантен стил со акцент на модерното конечно ги решава проблемите на сите оние девојки кои не сакаат типични венчаници.
Авторката на едиторијалот настојувала да остане верна на традицијата на облекување на невестите во бело, но тоа е единствената ситница која не е изменета. Во нејзината визија нетипичната невеста треба да има сосема неконвенционални модни додатоци кои одлично би се вклопиле во модерниот пристап на венчавањето. Ако наместо балски фустани повеќе сакате да личите на современа жена која директно од модната писта стапнала на „лудиот камен“ тогаш време е да ја разгледате нашата галерија.