Bridal

Венчавки: Дали сте знаеле дека…???

Веренички прстен: Според обичаите, вереничкиот прстен се носи на третиот прст на левата рака. Оваа традиција потекнува од антички Египет, бидејќи египќаните верувале дека од овој прст вената води дирекно кон срцето.

Нешто сино: Покрај нешто ново, нешто старо и нешто позајмено, невестата на венчавката треба да носи нешто сино. Овој обичај потекнува од средновековните кралства и ја симболизира сината крв, односно фактот дека секоја невеста на денот на свадбата треба да се чувствува како кралица.

Вел: невестинскиот вел е најстара традиција и потекнува од антички Рим, кога се носеле велови со силна жолта боја нарекувани фламеум.

Популарно е да се биде баксузен: Сабота, најпопуларниот ден за венчавки, во англосаксонската традиција се смета за најбаксузен ден за свадба.

Најдолг брак: За најдолг брак на светот се смета оној на Лиу Јунг Јанг од Тајван, кој со својата сопруга е венчан 94 години.

Веренички прстен: Традицијата за дарување на дијамантски веренички прстен потекнува од 1477 година, кога римскиот император Максимилијан и подарил дијамантски веренички прстен на својата вереница Марија.

Формално или неформално: Според истражувањата, дури 80% од невестите сакаат да имаат формална свадба исполнета со адети и обичаи.

Романтиката на кафе паузата: Во САД годишно се венчаат 10.000 двојки кои се запознале на кафе пауза.

Прва љубов: Според статистиката, неверојатни 2 од 5 луѓе на светот се венчаат со својата прва љубов.

Меден месец: Терминот се употребува уште од 16 век. Медот ја симболизира слаткоста на новиот брак, а месец всушност значи дека таа слаткост ќе исчезне многу брзо.

Веридба: во просек, двојките се верени околу шест месеци пред да се венчаат.

На колена: Еден од пет мажи ја побарал својата жена клекнат на колена.

Љубов преку жица: Дури 6% од мажите ги побарале своите девојки за жени преку телефон.

Најдолга веридба: Најдолгата веридба на светот траела дури 67 години, а среќната двојка се венчала на 82 годишна возраст.

Напиши коментар