Cafe Del Mar

Вежби: како полесно да вежбате по дома

Најверојатно безброј пати ви се има случено да седите дома и да се досадувате, ви текнува дека може да направите по некоја вежба, меѓутоа незнаете од каде да почнете.
Еве ви неколку совети  како да го направите тоа..

Склекови
Во овој текст ќе пробаме да ви ги приближиме вежбите кој можете да ги правите по дома. Прва вежба која ви паѓа на памет се склекови.

Ок, склековите се одлична вежба за трицепс и гради, но на кој начин да ги правите склековите за да ги вежбате целите гради? Лесно, правете ги трите типа на склекови: Таканаречените “дијамант” склекови(дланките ви се споени во облик на дијамант), обични (кога рацете се во ширина на рамената) и широки склекови (рацете се пошироко од рамената).

Правете по 10 склекови од секој тип, без одмор измеѓу различните типови на склекови. Кога ќе направите една серија(по 10 склекови од секој тип), правите пауза од 2 минути и така уште 2 пати (вкупно 3 серии). По ова направете 4 минути пауза, па повторно напваете го истото само што нозете ќе ви бидат подигнати(може на столица) за да  вежбата ви ги ангажира и горните делови од градите.

0-kako-da-vezbate-po-doma-keif-mk

Стомачни
Нема маж кој не сака да ги има познатите “six-pack”, а ни девојка кој може да одолее. Па, веројатно затоа ви е позната изреката “Стомачните се добиваат во кујната, а не во теретана”. Тоа е делумно точно (но не значи дека треба стомачните да ги правите во кујна)- туку  за добри стомачни потребна е и добра исхрана, а не само тренинг.
На сликата се прикажани вежби кој треба да ги правите. Секоја вежба ја правите по 20 секунди, без паузи измеѓу нив. Откако ќе завршите еден круг, направете пауза од 3 минути и направете  уште три такви серии.
1-kako-da-vezbate-po-doma-keif-mk
Спуштање на столица
Многу добра вежба за трицепс. Движењата се објаснете на сликата, правете 4 серии по 20. Одмор имеѓу серијата е 2 минути.
2-kako-da-vezbate-po-doma-keif-mk
Сквотови
Немој да бидете едни од оние кои не вежбаат нозе, затоа луѓе правете сквотови! Четири серии по 20, со 2 минути одмор имеѓу серија. Сквотовите правете ги пополека со контролирање на секое помесување.
3-kako-da-vezbate-po-doma-keif-mk
Кардио
Кардио вежбите се најважен дел од тренингот ако сакате да ослабате или добиете на дефиниција. Најдобра вежба во домашни услови за кардио е прескокнување на јаже (ако немате, тогаш Orbitrek кој моментално го користите како закачалк).
4-kako-da-vezbate-po-doma-keif-mk

Напиши коментар