Cafe Del Mar

Вежби за лесно обликување на задникот

Најважното средство во борба за привлечен задник е вежбањето, а потоа и исхраната. Вежбањето согорува калории, го забрзува метаболизмот и ја зголемува циркулацијата и лимфниот проток, па освен за губење на тежината и обликување на телото, исто така е одлично за намалување и превенција на целулитот. Еве некои вежби кои ќе ви помогнат да го обликувате задникот.
Правилни чучњеви: Користете ги мускулите на бутот и задникот. Застанете со раширени нозе и колкови. Се симнувате со задникот, исто како да сакате да седнете на столче. При тоа внимавајте колената да бидат точно над прстите на нозете. Накратко задржете се во таа положба, па вратете се на стартната позиција.

Добар исчекор: Подеднакво ефикасен како чучњевите, исчекорот задникот ќе го направи цврст и секси. Изведувајте го така што со ногата ќе зачекорите напред, но на начин што телото ќе остане исправено, грбот рамен, а погледот насочен напред. При тоа коленото на предната нога никако не смее да премине преку прстите на истата нога.

Изведба: Во процесот на обикување на задникот исклучително е важна техниката на изведување на вежбите. Неправилните изведувања нема да ви ги донесат посакуваните резултати, а може да завршите и со повреда. Ако не сте сигурни дали вежбите ги вршите правилно, побарајте помош од професионален тренер.

Брзо искачување: Еден од најдобрите и најефикасните начини за обликување на добар задник, но и целиот долен дел на телото е искачувањето или трчање по угорница. Наклонот обезбедува одличен отпор на вашиот напор да се искачите и така совршено да го обликувате задникот.

Скали: Исто како качување угорница и качувањето по скали е одлична вежба за заднкот и бутовите. Заборавете на лифтот, и трпеливо вклучете се во договор со секојдневното пешачење од станот до канцеларија.

Ако редовно тренирате и имате одлична кондиција, обидете се со оваа брза програма за вежбање и зацврстување на задникот.

Напиши коментар