Новости

Ви го претставуваме Стефан Давидовски – финалистот на шоуто “На Иста Адреса“ како дел од годинешниот Макфест

Во четврток, за време на првата полуфинална вечер, на 4ти јуни, во 20 часот на МТВ1, под реден број три, ќе имате прилика да го видите и слушнете момчето со златен глас – Стефан Давидовски, кој македонската јавност подобро го запозна за време на неговото учество во првото македонско музичко реално шоу “На Иста Адреса“, кое се емитуваше неодамна, и каде Стефан беше еден од финалистите.

Стефан за време на интервјуто вели дека е премногу возбуден и дека со нетрпение чека да започне фестивалот.

“За секој пејач претставува огромна чест и задоволство да се настапува со едни такви фантастични музичари како што се членовите на Ревискиот оркестар на МРТ“ – изјави Стефан.

Не сакавме да му “додеваме“ со премногу прашања, бидејќи времето до настапот е кратко, а Стефан треба да се подготвува за да може да ни се претстави во најдобро светло, онака како што само тој умее да го стори тоа.

Му посакуваме успешна кариера на Стефан и со нетрпение очекуваме да ја слушнеме песната со која ќе ни се претстави ова талентирано момче на Макфест!

Напиши коментар