Состојки:
- 500гр. мелено месо
- 1 шоља житарици
- 1 јајце
- 1/2 шоља доматно пире(кечап)
- 200гр. морков (рендан)
- 200гр. тиквица (рендана)
- 1/2 кромид (ситно сецкан)
- Сол, бибер, мајчина душица, босилек (и др. зачини по ваш вкус)
Подготовка:
Сите состојки се мешаат во голем сад и зачинете по избор.
Добро измешајте го месото со зачините, така што да се соединат и сите зачини добро да се впијат во месото. Додека го правие ова не треба да внимавате на бонтон, туку засукајте ги ракавите и мешајте.
Добиената смеса обликуавајте по ваш мерак, ставете ја во калап или на плех, премачкајте ја со доматното пире и ставете ја во претходно загреана рерна. Печете ја околу саат време на 170C.
Кога ќе биде готово месото оставете го барем 5мин па потоа можете да го сервирате.