ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 гр. путер
1 чаша кафеав шеќер
1 јајце
1 лажица екстракт од ванила
1 чаша брашно
1/4 лажичка сол
100 гр. бело чоколадо (сецкано)
1/2 чаша путер од кикирики
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во еден сад стопете го путерот. Кога ќе почне да добива кафена боја и се појават меурчиња тргнете го настрана.
Додадете го шеќерот и мешајте додека смесата не се комбинира убаво, а потоа додадете ги и јајцето, ванилата и повторно промешајте.
На оваа смесата додадете ги брашното и солта. Убаво измешајте. На крај додадете го и сецканото чоколадо.
Смесата ставете ја во плех за печење и одозгора премачкајте ја со путерот од кикирики.
Печете ја 15 до 20 минути на 150°C, а потоа исечете ја на коцки.
Доколку сакате кога ќе се изладат пропрскате ги коцките со бело чоколадо.
