Состојки:
100 гр соја шницли
малку бибер
3/4 л врела вода
50 гр презла
1-2 ловоров лист
ладно цедено масло за пржење
1/2 лажичка оригано
Начин на подготовка:
Зовријте вода и потопете ги измиените соја шницли во кои сте додале ловоров лист. Оставете ги еден час, да омекнат. Добро исцедете ги, измијте ги со студена вода и повторно исцедете ги, па извалкајте ги во измешаните зачини.
Оставете да отстојат 15 минути, ставете ги во презла и пржете на добро загреано масло додека не поруменат.
Ставете ги на хартиена слафета за да се отстрани вишокот масло. Шницлите комбинирајте ги со варен зеленчук и салата.