ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 главици карфиол
* 3 чешниња лук, ситно сецкан
* 1 чаша (од 200 мл) брашно
* 2 јајца
* 150 гр кашкавал
* 1 лажица сецкан свеж магдонос
* 1/3 чаша топла вода
* на врв на лажичето сол и бибер
* маслиново масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Карфиолот обарете го 5-6 минути во солена вода додека не омекне. Исцедете го и измијте го со ладна вода. Потоа ситно исецкајте го.
Во еден сад измешајте ги карфиолот, брашното, лукот, изматените јајца, изренданиот кашкавал, магдоносот, сол и бибер.
Додадете ја водата и измешајте убаво за да се соединат сите состојки и да добиете хомогена смеса. Смесата треба да биде доволно густа за да може со раце да обликувате плескавици.
Плескавиците пржете ги на врело мало по неколку минути од секоја страна.
