ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ :
1 путер
800 г исчистени јагоди, исечени
4 дл сок од јаболко
3 слатки павлаки ( 6 дл )
2-3 кесички шлаг
1 лажица шеќер
2 кеси ванилин шеќер
хопла ( 4 дл )
10 г излупени бадеми, исечени
1 лажица масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На пандишпанот кој претходно го подготвивте, или пак се одлучивте да купите готов исипете го сокот од јаболка колку да омекне. На него ќе го премачкате подготвениот фил и ќе ги наредите јагодите.
Во хоплата која врие додадете 1 лажица шеќер и 1 ванилин шеќер и со додавање на зацврстувач ќе го зацврсти и шлагот.
Со лажица размешајте ги слатките павлаки. Со лесната крема рамномерно премачкајте и преку јагодите.
Во тава растопете путер и на него малку попржете ги бадемите. Внимавајте да останат светли.
Тргнете ги од топлината, додадете 1 ванилин шеќер и ставете го преку јагодите. Пред послужување држете го 3 часа во замрзнувач.
На крајот одозгора изрендајте бела чоколада.