Збунети сте во врска со ефектите од градинката врз децата?
Постојат користи (квалитетната грижа може да придонесе за социјалниот и интелектуалниот развиток) и недостатоци (колку повеќе време поминува во таквото згрижување, толку поголем е ризикот од проблеми во однесувањето и учењето).
Но, најголемиот дел од децата немаат проблем.
За да видите како му е:
Зборувајте со него.
Редовниот муабет одејќи кон дома може да открие нешта.
Можете да прашате:
„Која активност ти беше најомилена денес?
Имаше ли нешто што не ти се допаѓа?“
Кога се работи за бебе, проверете дали вашето има поголем проблем од обично кога се разделувате.
Следете како се однесува со учителката.
Дали вашето дете е насмеано и трча во пресрет на учителката и ја гушка? Многу бебиња исто така се насмеани и лазат кон личноста за која се среќни кога ќе ја видат.
Ако вашето е вознемирено или се повлекува, дали учителката може да го смири?
Колку добро таа го понава вашето дете?
Дали извештајот што ви го дава за детето одговара на она што го гледате дома?
Следете го развитокот.
Кога децата се мачат, може да назадуваат.
Ако вашето дете било учено да седи на шолја во ВЦ пред да замине во градинка, а сега има многу непријатности, може да биде затоа што има проблеми.
Видете како му е дома.
Дали е повознемирено од обично?
Ако има значителна разлика во јадењето, спиењето и однесувањето, тоа може да биде сигнал за проблем.
Подемите и падовите се нормална работа, но ако продолжи да има проблеми и после неколку недели, ќе треба подобро да ја испитате ситуацијата.
