← НАЗАД НА БОЗА

Вода со вкус – 4 комбинации за детоксикација и забрзување на метаболизмот

Вода со вкус – 4 комбинации за детоксикација и забрзување на метаболизмот
709 Читања

Сите знаат колку е важна водата за организмот и дека треба да се внесуваат 1,5-2 литри вода дневно.

Ако сакате убав тен, сјајна коса, цврсти нокти, здрав организам и витка линија тогаш треба да се придржувате до ова правило. Сепак, обичната вода знае да биде досадна, а од друга страна зошто кога веќе ја пиете да не ја искористите приликата да му дадете на телото дополнителни благодети комбинирајќи ја водата со различни вкусови. Се разбира на прво место мислиме на свежо овошје и зеленчук и билки. Ви откриваме некои од најдобрите комбинации и начини на кои тие придонесуваат за целокупното здравје на организмот.

1. Зелен чај, лимон и лимета – За согорување масти, подобрување на варењето, лек за главоболки и освежувач на здивот.

2. Јагоди и киви – Подобрување на кардиоваскуларното здравје, зајакнување на имунолошкиот систем, регулирање на нивото на шеќер во крвта, подобрување на варењето.

3. Краставица, лимон и лимета – Исфрлање на вишокот течности од организмот, ја намалува надуеноста, контролира апетит, дава дополнителна хидратација на организмот и го подобрува варењто.

4. Лимон, лимета, портокал – Го подобрува варењето, одличен извор на витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот систем и е одличен лек за гастро-езофагиален рефлукс.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk