Motherhood

Водич за спиење на вашето бебе

На сите бебиња им се потребни многу часови сон за да имаат правилен развој. Но, сосема е нормално тие да имаат нерегуларни интервали на спиење, кои можат да траат и не повеќе од еден час.

На бебињата им е потребен распоред до кој ќе се придржуваат (барем откако ќе наполнат 6 месеци) и кој ќе им овозможи да спијат доволно. Потрудете се времето кога бебето спие да се одвива на што почести интервали, а воедно и воспоставете активности кои ќе се одвиваат пред бебето да заспие, како нишање, читање или топла купка, со цел тоа да го научи прифати својот животен ритам.

Бројот на часови поминати во спиење варира со возраста на бебето. Еве што докторите препорачуваат:

Возраст: 1 недела

Дневен сон: 8 часа

Ноќен сон: 8 ½ часа

Вкупно: 16 ½ часа

 

Возраст: 1 месец

Дневен сон: 7 часа

Ноќен сон: 8 ½ часа

Вкупно: 15 ½ часа

 

Возраст: 3 месеци

Дневен сон: 5 часа

Ноќен сон: 10 часа

Вкупно: 15 часа

 

Возраст: 6 месеци

Дневен сон: 3 ¼ часа

Ноќен сон: 11 часа

Вкупно: 14 ¼ часа

 

Возраст: 9 месеци

Дневен сон: 3 часа

Ноќен сон: 11 часа

Вкупно: 14 часа

 

Возраст: 12 месеци

Дневен сон: 2 ¼ часа

Ноќен сон: 11 ½ часа

Вкупно: 13 ¾ часа

 

Write A Comment