Дестинации

Воз како луксузен хотел

Патувањето со воз е посебно доживување, а аранжаманите за многу од нив се поскапи и од ноќевање во најлуксузните хотели.

Неколку легендарни возови и денес сообраќајат и со нив патуваат само „одбрани“ туристи. Овие возови сега се вистински хотели на шини кои нудат многу повеќе од обичен одмор и кои не може секој да си ги дозволи.

Доказ за едно вакво патување е легендарниот „крал на возовите и воз на кралевите“ – „Венис Симплон – Ориент експрес“. Вози низ Франција и Италија и секој дел од овој воз внимателно се реставрира, за се да изгледа како во периодот меѓу Првата и Втората светска  војна. Најчестата тура е од Париз до Венеција и трае два дена со совршена услуга, фантастична кујна и задолжително облекување на вечерни фустани и смокинзи. Сместувањето во двокреветна кабина изнесува од 400 до 1.200 евра.

 

Напиши коментар