Разводот е неверојатен стрес, понекогаш крах во животот, друг пат – почеток на страшна болест. Како да се спасиме. Тој прави до вчерашната дрдорка да престане да се насмевнува. Разводот е море од исплакани и потиснати солзи, нула самодоверба, неодобрeни погледи на соседите и сочувство на познатите, лош сон, целосна апатија… и што ли уште не.
Речиси секоја “напуштена” жена над 30, а особено на 40 или 50 години, се чувствува осудена. И тоа е така затоа што на предвремено стареење и осаменост ја осудува нашето современо општество.
Секаде – од кориците на списанијата, од телевизискиот екран, од рекламите…
“На жената често и се пренесува пораката дека по одредена возраст не ја очекува ништо добро и таа покорно треба да се помири. Зарем нема друго сценарио? Никој не ги вика мажите до 60 години Старци. Од каде доаѓа оваа возрасна дискриминација?
Кому сум му потребна сега…?
Од каде воопшто се има преземено оваа фраза. Како кому сте му потребна, на сите. На децата, пред се. Само не како сив и безначаен глушец кој притрчува низ куќата, туку – здрава, убава, модерна и весела! Ете таква! За да велат нивните соученици : “Мајка ти е прекрасна”!.
Па дури и на вашите родители треба да мислите. Нели со вашата несреќа им го кршите срцето. А пријателите, колегите? И на нив не треба да заборавате. Тие одамна сонуваат да се врати нивната весела пријателка. Не се чудете ако ви се јавуваат се поретко, тие веќе ги истрошиле зборовите за утеха и сочувство.
Да, разводот е болен процес и никој не очекува дека следниот ден ќе се разбудите среќни и ќе се правите дека ништо не се случило. Но зошто пак треба да изгледате осудени.
Разводот не е крај на животот. Според статистиката една од секои шест разведени жени се премажила. Не е многу, но според статистиката секој четврти разведен маж се преженил. Дали е тоа некаква причина за оптимизам? Искрено, статистиката предупредува дека мажите се многу повнимателни вториот пат, но тоа значи само дека треба да сме итри. И тука искуството работи за нас!
Жената, особено по разводот, треба да се чувствува како господар на ситуацијата. За таква силна и паметна жена, мажот мора да се бори. Всушност, ајде да разјасниме што е разведена жена? Не, тоа не е некоја лошо облечена будала, туку елегантна дама со мистериозна насмевка и малку уморни очи, во кои се чита искуство и прозорливост!
Генерално треба да ги утврдите приоритетите. За што всушност ви треба маж? За секс, за материјално обезбедување, да замени сијалица, за престиж или само за да го имате? Важно е да си одговорите на овие прашања.
Следниот ден започнете го вака – погледнете се во огледалото и кажете си: животот е прекрасен, ги имам најпрекрасните деца на светот, сето ова ќе биде во ред и јас ќе бидам многу среќна!
И бидете сигурна – вие со сигурност ќе го сретнете вашиот принц, можеби не на бел коњ или во црн џип, можеби едноставно – пешки. И можеби не во смокинг, туку во фармерки, но затоа пак ќе биде дарежлив, паметен и сигурен, бидејќи едноставно нема право да биде друг – та нели вие толку долго сте го чекале!
Ако првиот брак е неуспешен, треба да извлечете од тоа што е можно повеќе лекции, за да не се повторува истата грешка. Не заборавајте дека не е најважно да најдете маж, туку да создадете здраво семејство и добри односи.
Анализирајте го неуспешниот брак. Бидете искрени со себе, кога се прашувате кој е виновен.