Мода

Women’secret костими за капење за лето 2016

Women’secret ветува незаборавно лето со колекцијата костими за капење за сезона 2016. Костимите кои следат различни, актуелни трендови се вистинска инспирација за уживање под сонцето.

Бохо – седумдесетите се среќаваат со сегашноста

Колекција инспирирана од 70-тите, специфични принтови, реси, нитни и карнери. Одлични за девојките со боемски дух да ја истакнат својата женственост во најжешкиот период од годината.

Природна софистицираност

Еднобојни парчиња украсени со метални апликации. Минимализам во комбинација со впечатливи дезени, луксузни материјали и повеќенаменски парчиња дизајнирани за софистицирани жени.

Јамајка – изгубениот рај

Реинтерпретиран морнарски стил, костими со една прерамка и хитот за ова лето – плетени елементи во повеќе различни форми. Колекција која изобилува со интересни комбинации на дезени, како на пример риги со цветови и иновативни детали. Создадена за најмодрените девојки на плажата.

women-secret-za-seksi-i-egzoticno-leto-2.jpg

Тропски патувања

Бразилска инспирација со тропски мотиви кои асоцираат на патувања во Сао Паоло или Рио де Женеиро. Неодоливи модели на костими за капење, храбри принтови и многу украсни детали.

Африканска енергија

Океан, бранови, сурфање и релаксација. Африкански принтови во комбинација со солена вода….Колекција полна со инспирација од Африка и неочекувани комбинации: тиркизна и сина во контраст со црна боја, интересни текстури и  модели со спортска нишка.

Соработка со Јасна Лековска – Trinity

Како и минатата, така и оваа сезона Jaсна Лековска од Trinity останува пријателка на women’secret. Како “it” девојка – млада, активна, динамична и секси, таа секојдневно го промовира брендот со својот имиџ, а учествува и во неколку заеднички проекти.

Womensecret Tropical print bandeau bikini top, pink

Womensecret African print swimsuit with seams in contrast, pink

Womensecret Colour blocking swimsuit, pink

Womensecret Shape enhancing bandeau swimsuit with micro dot detail, pink

Womensecret Two-tone triangular swimsuit with open back , printed

Womensecret Swimsuit with low cut neckline, black

Womensecret Trikini in ethnic print, pink

Womensecret Nautical stripe swimsuit, pink

 

Напиши коментар