Во еуфоријата околу летните одмори Ви прикажуваме интересен и луксузен ресорт кој ги опушта сите сетила…
Станува збор за Yemanja Resort, ресортот кој е вгнезден високо на ридовите над прекрасната плажа Macaroni Beach, на островот Mystique, во St. Vincent and the Grenadines. Комплексот се состои од главна вила, три куќи со спални соби и мали куќички за деца. Според официјалниот опис, главната резиденција е исполнета со еклектична колекција на уметнички дела од Африка и Бразил и шармантни етнички елементи кои учествуваат во автентичноста на дизајнот.
Објектот се наоѓа во прегратките на преубав бескраен базен и раскошни палми. Приватните тераси, тениското игралиште, импресивниот ентериер, како и надворешнот дел се дополнителните причини кои ова место го прават совршено…
Истото, Ве повикува на незаборавен одмор и полнење на батериите…












