Art & Crafts

За што сè можете да ја користите кујнската сол

Нови трикови за тоа како да ја користите солта во секојдневниот живот, а тоа да не биде во јаде.

Овошје

Кришките од јаболка брзо потемнуваат, но ако ги ставите во вода со малку сол тоа нема да се случи.

Јаткасти плодови

За полесно да ги излупите од јатките можете да ги оставите некое време исто така во солена вода.

Мирис од лук на прстите

Мирисот од лук ќе го отстраните така што ќе протриете во малку сол со оцет.

Чистење на рерната

Ставете сол на флеките во рерната, а потоа нежно исчистете.

Миење на заби

На сите ни се случува понекогаш да ни снема паста за саби, но затоа можете да ги измиете со сол и сода бикарбона. Помешајте ги и со четката исчеткајте ги забите.

Убод од инсекти

Штом ќе ве убоде пчека ставете малку со на местото и болката и отокот ќе спаднат. Солената вода исто така ќе помогне и кај убодот од комарци.

Заменски пилинг за кожа

Ако ви снемало од пилингот за тело можете да користите и обична сол. Ќе ви ја освежи кожата и ќе ја зголеми циркулацијата.

Дезифекција на грло

Ако почувстувате дека ве гребе грлото испирајте го со вода во која ќе растворите малку сол.

Чисти чинии

Металните чинии најлесно ќе ги исчистите ако додадете малку сол.

Фрижидер

Сол во комбинација со газирана вода ќе ги исчисти сите нечистотии во фрижидерот.

Флеки

Само ставете малку сол на флеките од вино и со малку триење тие ќе исчезнат.

Дезодоранс

Флеките на маиците и кошулите од дезодоранс исто така можете да ги исчистите со обична сол.

Напиши коментар