Cafe Del Mar

За сите жени кои задоцнија со вежбањето: Брзо решение за рамен стомак

Иако уште од април си велевте дека ќе почнете да вежбате, летото си дојде, а килограмите не мрднаа. Познато?

za-site-zeni-koi-zadocnija-so-vezbanjeto-brzo-resenie-za-ramen-stomak-1.jpg

Сега да почнете со напорни тренинзи е доцна, но никогаш не е доцна да се послужите со неколку трикови кои ќе ви намалат неколку сантиметри обем на стомакот.

1. Купка од сол

Горчливата сол е ефективен начин добро да се испотите, односно да ги ослободите вишокот течности, токсини и целулитот од телото. Ставете 400g горчлива сол во полна када и опуштете се.

2. Внимавајте каков зеленчук јадете

Познато е дека зеленчукот е здрав, но брокулите, карфиолот и кељот може да предизвикаат подуеност и спротивен ефект. Намалете го нивното консумирање за да ги намалите  и сантиметрите.

3. Омлет од белки

Пред да ги облечете бикините, консумирајте омлет од белки. Тој делува како диуретик, а покрај тоа ќе ја добиете потребната доза протеини кои ќе ве штитат цел ден на плажа.

4. Јадете бавно и голтајте уште побавно

Брзото консумирање на храната предизвикува голтање големи количини на воздух кој предизвикува подуеност на стомакот. Затоа секогаш јадете во мирна атмосфера и сечете мали залчиња.

5. Избегнувајте овошје за десерт

Овошјето е здрав избор, но не по обилниот оброк. Овошјето јадете го на празен желудник или како прв дневен оброк штом се разбудите за да го извлечете максимумот од него.

6. Јадете житарки омекнати во вода

Житарките и јаткастите плодови се одличен избор на влакна и витамини. Но, неправилната подготовка може да доведе до непријатна подуеност. За да го олесните нивното варење задолжително потопете ги во вода преку ноќ со малку лимонов сок. Со потопувањето се отстранува киселината со која се обложени, па полесно се варат.

Напиши коментар