Најновите истражувања покажаа дека двојките се трудат во просек шест месеци за да го добијат првото дете, а тоа значи дека водат љубов четири пати неделно што не доведува до заклучок дека за зачнување на бебе треба да се води љубов 104 пати.
Околу 70 отсто испитаници признале дека би сакале да зачнат бебе во текот на спонтан сексуален однос, а не со „сексуален однос на барање“. Една од десет жени кои сакаат дете, има обичај да го повика сопругот од работа, ако во тој момент има овулација.
„Треба да се има предвид дека повеќето жени забременуваат веќе при првиот однос, такашто оние кои не сакаат бебе, треба да се придржуваат до сигурните методи за спречување на зачнувањето“, порачува докторот Мајк Смит од организацијата „First Respone“.
